Хулен Лопетеги, тренерот на Севиња, се осврна на мечот против Барселона, во кој како што истакнува неговиот тим ја доживеал најсуровата страна на фудбалот.

Севиља испадна од Купот на кралот после поразот од Барселона на Ноу Камп со резулат од 3:0 после продолженија.

Лопетеги после мечот го критикуваше судијата затоа не му покажаа втор жолт картон на Оскар Мингуеза после фаулот на Окампос, поради кој имаше пенал, кој сепак го одбрани Марк Андре Тер Штеген.

„Ја доживеавме најсуровата страна на фудбалот. Останавме со играч помалку, а требаше и еден нивни да биде исклучен. Срамота е Многу што беше против нас, многу повреди, па примивме гол од првиот удар“– вели Лопетеги.