Италијанскиот фудбалски клуб Рома и официјално го потврди ангажманот на новиот голман Пау Лопез кој доаѓа од редовите на шпански Бетис.

Пау Лопез слета во Рим и после лекарските прегледи, ќе потпише петгодишен договор со Рома.

На Твитер профилот на римскиот клуб потврдија дека Лопез е веќе во Рим, а како што пренесуваат италијанските медиуми, за неговите услуги клубот од „Олимпико“ ќе плати 28 милиони евра на Бетис.