Поранешниот фудбалер на Арсенал Никлас Бентнер потпиша договор со шампионот на Данска, тимот на Копенхаген до крајот на оваа сезона. За Бентнер ова е прв ангажман во родната Данска, а доаѓа од екипата на Розенборг.

Бентнер од Данска замина на 16 години во тимот на Арсенал, а го носеше дресот и на Сандерленд, Јувентус , Бирминган, Волфсбург и Нотингем Форест.

За Данска на 81 меч има постигнато 30 голови.