Лорен многу добро знае што значи да се носи дресот на Арсенал, тој многу добро ги познава Патрик Виера и Жилберто Силва кои беа столбови во средината на теренот, па според него Парти едноставно во моментов не може да се споредува со Французинот и Бразилецот.

„Мораме да избегнуваме споредби бидејќи Патрик Виера е Патрик Виера, а Жилберто Силва е Жилберто Силва, двајца играчи од светска класа. Мораме да гледаме напред и да го подржиме Парти за тоа што е, тој е различен играч во различен состав. Не можеме да го споредиме Парти со Виира или Силва, бидејќи тоа не е вистинскиот начин за да се гледаат работите“.

„Парти е квалитетен играч и го докажа тоа во Атлетико Мадрид и откако пристигна, беше брилијантен. Мора да се надеваме дека ќе избегне повреди бидејќи играч како Парти треба да игра секој викенд и тимот ќе има корист ако тоа го направи. Тој се уште има многу потенцијал да се подобри, така што колку повеќе игра тогаш толку е поголема веројатноста дека ќе ги достигне оние нивоа што ги очекуваме од него“, смета Лорен со Арсенал освојуваше лигашки и ФА Купови во Англија.