Илија Несторовски нема да се изнаигра до крајот на оваа сезона во Серија А, што е лоша вест за Македонија која ова лето ќе игра на ЕУРО 2021 а напаѓачот е дел од составот на Ангеловски.

„Калчо Наполи“ пренесува дека Удинезе до крајот на зимскиот преоден рок ќе се обиде да ангажира нов напаѓач а прв на листата е Фернандо Љоренте од Наполи.

Љоренте начелно ги прифатил условите кои му ги нуди Удинезе и се очекува да наскоро да биде потврден трансферот на искусниот Шпанец.