Уругвајскиот репрезентативец, Луис Суарез се повредил на денешната тренинг сесија по што прегледите покажале дека има истегнување на мускулот.

Поради ова Суарез најверојатно нема да може да игра против Бетис овој викенд а можно е да мора да паузира две недели.

Уругваецот секако не беше во комбинација за настап против Бетис поради суспензија но оваа повреда доаѓа во период кога Симеоне се обидува да го врати тимот во топ форма.

Суарез можно е да не настапи и во пресметките со Еубар, Хуеска, и Билбао. Уругваецот оваа сезона на 34 натпревари постигна 19 голови за Атлетико Мадрид.