Арсенал има намера да го купи напаѓачот на ПСВ, Дониел Мален.

Според информациите на Le 10 Sport, тимот од Лондон планира да го донесе во летниот преоден рок.

Веста е интересна бидејчи овој фудбалер токму Арсенал го продаде на ПСВ во 2017 година и тоа за скромни 600000 евра, додека сегашната цена на 21-годишниот Мален изнесува 56 милиони евра.

За истиот фудбалер е заинтересиран и Милан.

Во тековната сезона, Мален настапи на 25 средби во сите натпреварувања и постигна 17 гола, а имаше и 9 асистенции. Неговиот договор со ПСВ важи до 2024 година.