Македонската фудбалска репрезентција се соочува со сериозен проблем за утрешното гостување кај Австрија во предпоследното коло од Евроквалификациите.

Капитенот Горан Пандев има вирусна инфекција и покачена температура и влегува на листата на неизвесни за утрешниот дуел во Виена. Ова е дополнителен проблем за селекторот Ангеловски кој на ова гостување не може да смета на неколкумина стандардни (Алиоски, Адеми, Бејтулаи, Николов, Муслиу, Несторовски, Тричковски) поради повреди и суспензии.

Пандев игра во одлична форма за Џенова по доаѓањето на Тиаго Мора па неговото евентуално отсуство утре е голем удар за Македонија. Потестуваме од напаѓачите поради жолти картони нема да настапи Илија Несторовски.

Македонија утре и гостува на Австрија со желба за спортска одмазда за оној пораз во Скопје од 4:1.