Незаменливата алка во одбраната на Ливероул Вирџил Ван Дајк ќе биде надвор од терените веројатно во следните шест до осум месеци, откако првите извештаи говорат дека повредата која ја здоби на дербито против Евертон е сериозна.

Холанѓанецот мораше уште во 11-та минута да го напушти Мерсисајд дербито, откако се повреди при дуел со голманот на Еверетон, Џордан Пикфорд.

Според последните извешаи кои ги пренесуваат британските медиуми, Ван Дајк најверојатно ги скинал лигаментите и менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп нема да може да смета на неговиите услуги до идната пролет.