Францускиот фудбалски шампион, ПСЖ се соочува со нов проблем со Ковид-19 пандемијата откако новиот тренер Маурисио Покетино добил позитивен тест на вирусот.

Ова значи дека Покетино нема да може да го предводи ПСЖ викендов против Анжер, натпреварот е закажан за утре од 21 часот.

Според најавите од Франција, екипата ќе ја предводат неговите помошници Перез и Мигел.