Фудбалерот за врска на Пари Сен Жермен, Марко Верати ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на десното колено, соопшти денеска неговиот клуб.

Италијанецот се повреди на тренинг минатата недела и не го одигра натпреварот против Рен, во францускиот шампионат, кој заврши 1:1.

Според најавата, Верати ќе паузира од четири до шест недели поради повреда и најверојатно нема да може да игра за репрезентацијата на Европското првенство, кое се игра од 11. јуни до 11. јули. На две кола пред крајот на шампионатот, ПСЖ заостанува три бода зад првопласираната екипа Лил. ПСЖ утре инаку го игра и полуфиналниот натпревар во Купот на Франција против Монпелје.