Лотар Матеус човекот кој на Македонија и донесе пеколно тежок противник во полуфиналето од баражот за Светското првенство, давајќи ни ја Италија, а после и евентуално Португалија во финалето, а се за битка за едно место кое води во Катар.

После ждрепката Германецот кажа дека последните европски прваци се големи фаворити, но не треба пред време да се отпише Македонија.

Тој очекува да одиграме добар фудбале против прваците на Европа.

„Каква група Ц, секако – најтешката група! Една Италија и Португалија нема да ги гледаме во Катар. Ќе биде навистина интересно на овие два меча, а не ја отпишувајте Македонија предвреме. Мислам дека Македонија ќе игра добар фудбал со Италија. Мислам дека сите видовме дека во овие квалификации Македонија ја победи Германија“– рече Матеус.