“Gazzetta dello Sport”, објави дека Фудбалскиот сојуз на Италија поткрена истрага против првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито поради коментарите на мечот Јувентус-Интер. Сепак, на ова Лотито не остана должен.

Имено, Италјанецот одлучи да го тужи реномираниот весник, поради ширење на дезинформации, спор во кој се надева дека ќе излезе како победник.

„Во текст овјавен во “Gazzetta dello Sport“, потпишан од страна на Себастијан Вернаци, сфатен е како обид за дескридитација. Слободата на информирање не е дозвола за нарушување на имиџот и тоа мора да се казни. Поради тоа, Лотито им даде инструкции на адвокатите на Суд да ги заштитат неговите загарантирани права“– гласи во официјлното соопштение на правниот тим на Лотито.