Лацио многу веројатно е најголемиот губитник од ситуацијата со Коронаворусот, ако се знае формата во која играа фудбалерите на Римјаните оваа сезона.

Лацио пред прекинот на првенството беа на втората позиција со само еден бод заостанување во однос на лидерот Јувентус. Според претседателот Лотито, тој и уште неколку луѓе во управата успеаа да го променат менталитетот во клубот.

„ Моравме да го промениме целокупниот менталитет. После долг период на стагнација, конечно почнавме да сме свесни дека сме еден од најдобрите екипи во Италија. Нашите навивачи мора да бидат горди, затоа морав да спроведам радикални промени“-изјави контроверзниот Лотито.