Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито во пресрет на дербито меѓу Лацио и Интер изјави дека сака го гледа Лацио во она издание во какво што игра во текот на целата сезона.

Лациалите без пораз се 18.кола во серија и се само на еден бод заостанување во однос на лидерите Интер и Јувентус.

„Се надевам дека во недела против Интер ќе го видиме Лацио да игра со иста решителност и спортска жар со каква што играат во текот на целата сезона“ -изјави Лотито за новинската агенција Анса.

Дерби мечот меѓу Лацио и Интер се игра во недела од 20:45 минути.