Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ја поздрави одлуката со која Серија А ќе добие шанса за доигрување на сезоната во целост а со тоа и Лацио можност да се бори за титулата.

„Ова не е победа за Лацио, ова е победа за целиот фудбал во Италија. Верувам дека со рестартот на сезоната ќе можеме да ги одржиме стандардите кои ги поставивме и не препознаваат во светот. Серија А е една од најважните лиги земено сеопшто во спортот.“ – изјави Лотито.

Лотито беше еден од челниците на клубовите кои од почетокот на пандемијата беше против поништување на сезоната. Серија А треба да продолжи на 20 јуни.