Клаудио Лотито, претседателот на Лацио, признава дека има се помалку „оружје“ да го  задржи Сергеј Милинковиќ Савиќ во Рим.

За Србинот има многу понуди, сепак Лотито одреди цена од 120 милиони евра која едноставно ги „избрка“ заинтересираните клубови.

Лотито сега признава дека мора да попушти, има интерес за Милинковиќ – Савиќ, ПСЖ и Јувентус веќе преговараа со првиот човек на Лацио, доколку Погба замине од Јунајтед, тогаш опција за Србинот е  и „Олд Трафорд“.