Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито беше видно задоволен од победата на Лацио над Интер но и од реакциите кои следувале по дербито.

„Добив многу пораки од навивачи на Лацио но и на оние кое не навиваат за нашиот клуб. Вистината е дека бараа од нас да го срушиме монополот на Јувентус и да го претркаме Интер. Сите кои не навиваат за Интер и за Јувентус не поддржуваат.“ – изјави Лотито.

Претседателот на Лацио потврди дека атмосферата во соблекувалната по победата над Интер била неверојатна.

„Кога влегов пет, шест играчи дојдоа до мене со покачен адреналин и почнаа да ми викаат. Виде ли претседателе? Го направивме тоа што ни го кажа, Видовте ли, видовте? Славеа лудо..“ – објасни Лотито.

Предходно јавна поддршка во трката за титулата, Лацио доби од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.