Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен ги договрил личните услови со Рома  и прашање на време е кога ќе стави потпис со клубот од Рим.

Како што пренесува „Gazeta dello Sport“ деталите се веќе договорени, менаџерот на Ловрен вчера ги завршил сите формалности и извесен е трансферот од Ливерпул кај Рома на репрезентативецот на Хрватска.

Ловрен три сезони беше член на Ливепрул и беше незаменлив во одбраната.