Дејан Ловрен до крајот на летниот предеон рок ќе го смени клубот но сеуште не е познато дали Ливепрул ќе го позајми или ќе го продаде.

Откако Рома го намали интензитетот на преговори со „црвените“ во трката за потписот на Ловрен се вклучил Баер Леверкузен. Германските медиуми пренесуваат дека „Фармацевтите“ сакаат да го добијат Ловрен на позајмица за што се подготвени да платат 3 милиони евра.

Ловрен на трансфер пазарот вреди околу 20 милиони евра иако Ливерпул е подготвен да го продаде и за 12 милиони евра со дополнителни бонуси.