Репрезентативецот на Хрватска, Дејан Ловрен призна дека повеќе работи не функционираат како што треба, ова по ремито со Чешка од 1:1 во второто коло од групната фаза на ЕУРО.

„Некои работи не функционираат. Не знам зотшо тоа им го допуштивме. Не знам што чекавме. Нема да се лажеме, не изгледаме добро. Со сета почит кон Чешка, но тие немаат квалитет како нас, мараме да седнеме и да поразговараме, да најдеме решение, ако вака продолжиме нема да биде добро.“ – изјави Ловрен.

Тој остана разочаран од одлуката на судиите да досудат пенал за Чешка по неговиот фаул.

„Како да не сум расочаран. Одев на топката со природната позиција на моите раце. Како да скокнам, како свеќа без раце? Јас за ова никогаш не би свирнал пенал.“ – објасни Ловрен.