Дејан Ловрен ќе добие нов договор од Ливерпул, но тоа не му гарантира дека ќе остане на „Енфилд“ и во следната сезона.

Островските медиуми пренесуваат дека Клоп му посочил на Ловрен да си бара нов клуб, новиот договор е само за формална сигурност на играчот.

Неофицијално повеќе тимови од Англија и Италија се заинтересирани за централниот дефанзивец кој одби трансфер во Рома во минатиот преоден рок.