Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен ќе го напушти европскиот првак Ливерпул и ќе се пресели во Италија. Следна дестинација на фудбалерот е Серија А , поточно тимот на Рома.

Клубот од „Енфилд Роуд“ бара 20 милиони евра, но „волчицата“ се надева дека ќе успее да намали поради добрите односи создадени по продажбата на Мохамед Салах и на Алисон Бекер. Италијанските медуми тврдат дека „црвените“ веќе прифатиле да добијат само 12 милиони евра иако почетната сума која ја бараа пред два месеци беше 35 милиони евра.

Јирген Клоп веќе не го гледа Дејан Ловрен како партнер на Ван Дајк во одбраната, а Рома бара замена за Костас Манолас кој замина во Наполи.