Аријан Адеми и Динамо Загреб вечерва на „Максимир“ го пречекуваат Розенборг од Норвешка, прв меч од плеј – офот за Лигата на шампионите.

Хрватскиот шампион го делат два меча до групната фаза и нов финасиски ефект со настап во елитата во Лигата на шампионите.

Динамо доколку биде подобар од Розенборг во двомечот ќе заработи 15 милиони евра од УЕФА, но тоа не е се, следуваат огромни средства и евентуланите бодови во групата , влезниците, спонзорите…

УЕФА воведе ВАР систем и за плеј-офф мечевите, вечерашниот со Розенбирг е историски за „Максимир“, за прв пат ќе има ваква технологија на стадионот на Динамо.