Челси и Севиља одиграа без голови вечерва на Стенфорд Бриџ во рамки на првото коло во групната фаза во Лигата на шампиони.

Гостите од Шпанија можат да жалат што не се враќаат дома со целиот плен, откако ја имаа најголемата шанса на натпреварот, но ударот со глава на Гудељ голманот на Челси, Менди, чудесно го одбрани.

Мечот на Стенфорд бриџ беше единствениот вечерва во ЛШ што заврши без голови, а за тимот на Френк Лампрад ова е прво реми без голови од мај 2019 година.

Во истата група, без победник вечерва заврши и мечот меѓу Рен и Краснодар, кои одиграа 1-1.