Челси и Севиља се првите патници во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен  финиш славеа на гостувањата кај Рен и Краснодар.

Хадсон Одои им донесе предност на „сините“ во 22 минута,  но Рен израмни на пет минути пред кајот преку Жирасу.

Кога се очекуваше крај на натпреварот, Жиру во судиското продолжение го врати водството и обезбеди триумф на Челси со што премиерлигашот на две кола пред крајот на групната фаза обезбедија пласман во 1/8 финалето.

 

 

Драматична завршница донесе и вториот натпревар од четвртото коло во Групата Е во кој Севиља со идентични 2-1 славеше против Краснодар.

Ракитиќ со прекрасен волеј гол го отвори резултатот во 4 минута, домаќините израмнија преку Вандресон во 56 минута, а Ел Хадиди во петтата минута од судиското продолжение донесе триумф за Севиља.