Шпанецот Даниел Олмо во изјава за медиумите од Хрватска му се „закани“ на Манчестер Сити дека ќе ја почуствува силата на Динамо во Лигата на шампионите.

Динамо Загреб имаше импресивен старт во елитното натпреварување, ја победи Аталанта убедливо и сега го очекува гостување во Манчестер.

„Сите ја знаеме силата на Сити, но морам да потенцирам, ние добро ќе се подготвиме и тие ќе ја почуствуваат силата на Динамо“ – изјави Олмо.

Второ коло се игра следната недал, Динамо му гостува Сити на 1. октомври.