Аталната нема што да загуби а може да добие се, ПСЖ е фаворит против сензацијата од Бергамо, се освен победа на „светсците“ ќе се смета за  изненадување.

Сезонава Аталнта е хит во Европа, прредводени од Гасперини, екипата од Бергамо е големо освежување во Лигата на шампионите.

Четвртфиналето е голема шнаса за докажување на Аталанта, екипа која нема што да загуби. ПСЖ и Аталнта за прв пат се среќаваат  во меѓунардоните купови на УЕФА.

Квалитетот е на страната на ПСЖ, Нејмар вреди колку цела екипа на клубот од Бергамо, но фудбалот е интересен бидејќи не победуваат секогаш подобрите.

УЕФА ги најави можните состави, ПСЖ тргнува со најдобрите, Аталанта без бомбардерот Иличич кој поради приватни проблеми не е во комбинација за вечерашната средба која започнува од 21 часот.