Наполи му гостува на Генк во Лигата на шампионите, тимот од Италија запиша победа во првото коло против Ливерпул, со втора победа ќе го трасира патит во следната рунда.

Генк во првото коло беше демолиран од Салцбург со 6-2, аутсајдер е на мечот со Наполи иако никој не смее да бид еотпишан пред време.

Карло Анчелоти според најавите ќе му даде шанса на Елиф Елмас во почетниот состав на овој натпревар.

„Знам колку е квалитетен тимот со кој располагам, имаме проблем со физичката подгтовеност, сакам да ги држам играчите под позитивна тензија, сите работат добро, но можат да бидат и подобри“ – изјави Анчелоти.

Тренерот на Наполи не ги откри почетните единаесет за оваа средба, сепак според ротацијата,  македонскиот репрезентативец ќе добие шанса на овој натпревар.

Средбата, Генк- Наполи започнува од 19 часот.