Дербото во конкуренцијата Е во Лигата на шампионите се игра меѓу двете водечки екипи, Ливерпул го пречекува Наполи.

Англичаните се  лидери во групата со 9 бода, Наполи со 8 е втор, следуваат, Салцбург со 4 и Генк со еден бод.

Наполи со Елиф Елмас во составот ќе бара бод од ова гостување за потврда на пласманот во осминафиналето во ЛШ, тимот од Неапол има многу проблеми по бунтот на дел од играчите, стигнаа санкциите, Инсиње не е во составот.

Ситуацијата во тимот на Наполи го фаворизира Елиф Елмас  како стартер на „Енфилд“, Ливерпул е фаворит и сака да се реваншира за поразот во Италија каде загуби со 2-0.

Во оваа група се среќаваат Генк и Салцбург, тимот од Австрија има теоретски шанси за втората позиција со две победи но и два порази на Наполи.