Денеска се играат натпреваите од второто коло во А-Д сегментот во Лигата на шампионите, две супер интересни средби на програмата во Европа.

Во групата А, Реал Мадрид  и ПСЖ се фаворити против Клуб Бриж и Галатасарај.

Реал го пречекува аустајдерот Клуб Бриж во Мадрид, ПСЖ има незгодно гостување во Турција но Галатасарај не е екипа која треба да биде проблем за „светците“.

Во конкуренцијата Б, дерби во Лондон, Тотенхем го пречекува Баерн Минхен, супер интересен и незвесен меч се очекува од 21 часот.

Тотенхем има само една победа на последните три меча, Баерн е во серија од три победи во низа. Во оваа група, во Белград, Црвена Звезда го пречекува Олимпијакос.

Групата Ц, ги носи дуелите меѓу Аталанта и Шахтјор и Манчестер Сити – Динамо Загреб.

Сити е апсолутен фаворит против Хрватскиот шампион кој во првото коло ја демолира Аталанта. Динамо Загреб има свои очекувања, но квалитетот е настраната на Англичаните.

Израмнет меч се очекува во Италија, Аталнта е на поправен испит против секогаш непредвидливиот Шахтјор.

Во групата Д, во Торино, Јувентус  е домаќин на Баер Леверкузен. Локомотива го пречекува Атлетико Мадрид.

Јувентус  е во серија на три победи во низа во првенството, во првото коло во ЛШ одигра нерешено со Атлетико Мадрид.