ПСЖ триумфираше во дербито на вечерта во Лигата на шампиони против Лајпциг со 1-0 и се врати во игра за пласман во осминафиналето.

Триумфот на францускиот првак го донесе Нејмар од пенал во 10 минута.

 

Јувентус  во самиот финиш со голот на Мората го совлада Ференцварош со 2-1 и обезбеди пласман во нокаут фазата,.Гостите поведоа со голот на Узуни, но добија „одговор“ од Роналдо. Португалецот погоди од 20 метри, шутираше неодбранливо за 1-1,

 

Манчестер Јунајтед го совлада Башакшехир со 4-1 , два гола на Бруно Фернадеш еден на Рашфорд од пенал и на Џејмс во финишот,  ремек дело на Португалецот за 1-0, а потоа ја удвои предноста на својот тим. Турук го постигна почесниот гол за турската екипа.

 

Барселона и со својата „втора“ постава немаше проблеми на гостувањето кај Динамо Киев и со триумф од 4-0 го завери пласманот во осминафиналето. Дест, Гризман и двојниот стрелец Брејтвајт го торпедираа украинскиот првак во вториот дел.

Во преостанатите натпревари вечерва во 4 коло во групната фаза, Лацио славеше над Зенит со 3-1, додека Борусија Дортмунд немаше проблеми на домашен терен против Бриж и славеше со 3-0.