Во групата Г, која е една од помалку атрактивните, Лајпциг е пред промоција во осминафиналист во Лигата на шампионите, потребен им е само бод дома против Бенфика за потврда на пласманот во нокаут фазата.

Лајпциг со 9 бода е лидер во оваа конкуренција, фаворит е против Бенфика која со 3 бода е последна во групата но со теоретски шанси и за второто место.

Португалците со победа над фаворит Лајпциг ќе влезат в осериозна конкуреција за второто место, сепак тимот од Германија е голем фаворит на овој меч пред своите навивачи.

 

Лајпциг е во серија од пет победи во сите натпреварувања, Бенфика има само еден пораз на последните четири меча.

Зенит го пречекува Лион, победа тимот од Русија ќе има реални шанси за второто место, Французите сакаат бодови на овој меч за да бидат најмалку втори на крајот, имаат опција и за првото место.

Ова е најизедначена група во која според ситуацијата на табелата сите екипи имаат шанса за една од првите две позициино секако Лајпциг е во наповолна ситуација.