Крајно возбудлив меч полн со пресврти и шест гола, по три на двете страни, одиграа во Молде норвешкиот првак и шампионот на Унгарија Ференцварош во една од трите плеј оф пресметки вечерва во Лигата на шампиони.

Гостите поведоа во 7 минута преку Боли, а Усени по седум минути игра во вториот дел го удвои водството на Ференцварош.

Молде намали преку  Џејмс во 55 минута, а десет минути подоцна израмни Еикрем.

Домаќините беа на прагот на целосен пресврт, откако Елинген ги доведе во водство во 83 минута, но унгарскиот шампион израмни две минути подоцна преку пенал за конечни 3-3.

 

Олимпијакос во финишот го скрши. отпорот на кипарска Омонија, Валбуена прецизно биеше од пенал во 69 минута, а конечните 2-0 ги постави  Ел Араби во судиското продолжение.

На гостувањето во Белгија, Суприага во 9 минута го доведе Динамо Киев во водство, а Гент израмни пред крајот на првиот дел израмнија преку Клајденст.

По само седум минути игра во продолжението, Гент остана со играл помалку, а Украинците ја капитализираа предноста на теренот преку Де Пења во 79 минута.

 

Реванш натпреварите се играат по една недела.