Во рамки на групата Б во Лигата на шампионите вечерва се играат дуелите меѓу Црвена Звезда  и Баерн Минхен односно Тотенхем и Олимпијакос.

Во Белград, Црвена Звезда бара изнеандување против Баерн Минхен, шампионот на Германија е со максимален ефект, четири од четири во групата со обезбеден настап во нокаут рундата.

Шампионот на Србија сака победа која теоретски им дава шанси за втората позиција доколку Тотенхем киксне против Олимпијакос. Црвена Звезда има две победи над Баерн Минхен кој три пати го совладал тимот од Белград.

Мурињо на клупата на Тотенхем го пречекува Олимпојакос во Лондон, со победа против аутсајдерот во групата ќе се обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Интересно е тоа што статистички никој нема предност, Тотенхем и Олимпијакос имаат по едба победа  и еден енрешен меч на досегашните три пресметки.