Италијанскиот првак Јувентус вечерва против Динамо Киев тргнува во нов обид за титула во Лигата на шампиони,а тренерот Андреа Пирло одлучи на премиерата да го остави на клупа аргентинскиот напаѓач Дибала.

Во почетниот состав очекувано се Мората и Кулушевски, а меѓу првите 11 е и Велшанецот Арон Рамзи, кој беше неизвесен за настап.