Реал Мадрид беше на работ на уште еден сензационален пораз во групната фаза во ЛШ, но со два гола во последните шест минути извлече бод одигрувајќи 2-2 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Германскиот тим дојде во водство во 33 минута преку Турам, а Французинот беше на вистинското место и во 58 минута најавувајќи шокантен пораз на шпанскиот првак.

 

 

Еден Азар се врати во тимот на Зинедин Зидан по тримесечна пауза поради повреда и пропушти добра шанса за гол, откако влезе од клупата за резерви во 70 минута.

„Кралскиот клуб“ намали преку Бензема во 87 минута, а Касемиро во судиското продолжение му го донесе на Реал првиот бод во групата, по стартниот пораз од Шахтјор, кој претходно вечерва ремизираше без голови против Интер.