Аталанта и Динамо Загреб во Милано го играат решавачкиот меч во борба за второто место во групата, шампионот на Хрватска е во поповолна ситуација на табелата, поразот не е опција за никого.

Динамо Загреб сака реприза на првата средба каде на „Максимир“ во септември ја демолира Аталанта со 4-0, сега сака нова победа и пораз на Шахтјор во Манчестер кај Сити за второ место на табелата во групата Ц.

Аријан Адеми отпатува за Милано но дали ќе настапи ќе реши тренерот Ненад Бјелица. На табелата Динамо има 5 бода, Аталната само еден и се наоѓа на последното место, се освен победа за тимот од Италија ќе значи крај на Европската сцена.

Манчестер Сити го пречекува Шахтјор со фаворитска улога во оваа група, шампионот на Англија е лидер со 10 бода и обезбеден настап во нокаут рундата, Шахтјор е бара изненадување и нови бодови за да остане во игра за втората позиција.