Јувентус го пречекува Атлетико Мадрид во Торино, дерби во конкуренцијата Д, шампионот на Италија е лидер во групата без пораз.

Атлетико Мадрид предводен од Диего Симеоне сака три бода од овој меч, Шпанците се единствените кои останаа непоразени од „старата дама“ во оваа група.

Теоретски Атлетико може да биде симнат од втората позиција во групата со два порази во последните две кола, затоа тимот од Мадрид има многу мотиви да одигра агресивно и за бодови на ова гостување.

Кристијано Роналдо тренираше изминативе денови, не настапи против Аталанта и е подготвен да се соочи со Атлетико, Португалецот на твитер најави дека се враќа во составот на Јувентус за оваа средба иако тренерот Маурицио Сари не е убеден дека комплетно спремен.

Во Москва, Локомотив го пречекува тимот на Баер Леверкузен, двете екипи имаат ист број на бодови па победата е единствената опција за двата тима доколку сакаат да останат во игра за  второто место кое теоретски е на дофат.