Шкеднија попладнев ги започнува квалфикациите во Лигата на шампионите, Номе Калју е прва пречка, во Талин од 18 часот се игра првиот натпревар.

Македонскиот шампион имаше еден официјален тренинг пред оваа средба денеска, Шкендија е фаворит  во двомечот по која сака пласман во второто коло.

 

„Важен меч за нас, ние сме подготвени максимално, не велиме дека ќе биде лесно, но ќе дадеме се од себе за добар резултат. Три пати сме на чекор да обезбедиме место во групите, но секогаш добивавме тешки противници. Од 2013 година имаме добар спонзор кој инвестираше во клубот и посакуваме да направиме успех во Европа. Сакаме да напредуваме од година во година, и се надеваме дека овој пат ќе успееме во намерата да влеземе во групите “, изјави првиот човек на стручниот штаб тренерот Ќатип Османи.