Наполи има одличен старт на сезоната и стигна до победа во сите натпревари досега, нивна последна жртва беше Торино, против кого победија со 1:0.

Новата победа значеше ново задоволство за Лучијано, тренерот на Наполи. Тој упати комплименти на адреса на Елиф Елмас.

„Со триумфот Торино им даваме дополнителен мотив на противниците да нè победат. Сега сите се против нас. Можеби некои играчи потврдија на оваа средба, ама добро е што имам квалитетни фудбалери на клупата за резерви. Осимен е силен и голем работник, додека Елмас е исклучително момче кое влегува со голем ентузијазам, поминува километри дури и кога не е потребно. Тоа е одлична работа“– истакна Спалети.

Сега за наполитанците следи мечот со Легија во ЛЕ, па дербито против Рома на „Олимпико“.