Откако со двата гола на теренот го предводеше Арсенал до победата над Челси во англискиот куп,  Пјер Емерик Обамејанг беше во главна улога и на прославата која продолжи во соблекувалната на „топчиите“.

Радоста беше видлива во целиот табор, од менаџерот Микел Артета до напаѓачот Алекс Лаказет, кој на свoјот инстаграм профил објави фотографија на која го прославува триумфот над градскиот ривал со шише шампањ во рацете.