Даниел  Олмо е член  на фудбалската репрезентација на Шпанија , играчи до 21 година, тој е воедно во „сопственост“ на Динамо Загреб во кој дојде во 2014 година.

Олмо пред пет години е во редовите на Хрватскиот шампион, веројатно не  ни сонувале во Динамо дека денеска ќе имаат ваков играч кој на фудбалската берза вреди милиони, дојде во Загреб буквално за беспари.

Младинскиот репрезентативец на Шпанија е во финале со „фуријата“ на Европското првенство за играчи до 21 година, тој вчера постигна гол против Франција , неговата селекција запиша победа со 4-1, во финалето играат против Германија.

Настапот на ова „ЕУРО“  ја зголеми цената на Олмо кој на Динамо Загреб ќе му донесе огромно богатство, проценките се дека најтрофејниот клуб од Хрватска ќе заработи над 10 милиони евра.