Поранешниот селектор на Холандија и тренер на повеќе европски гиганти, Луи Ван Гал постави теза која нема да им се допадне на навивачите на Барселона.

„Мислам дека Меси треба да се запраша како е можно да ја нема освоено Лигата на шампионите толку долгло време. Го сакам како индивидуалец, тој е најдобриот во светот но зошто не ја освоил ЛШ пет години. Како капитен мора да си го постави тоа прашање. “ – изјави Ван Гал.

Според него сите во Барселона треба да сносат одговорност за неуспехот во ЛШ во последните години. Ван Гал тврди дека Гвардиола ја освои Лигата на шампионите со Барселона затоа што не му дозволувал на Меси да има слобода во играта која ја има денес.