Поранешниот селектор на Шпанија и екс тренер на Барселона, Луис Енрике ја разбранува јавноста во Европа по изјавата со која го објасни минатиот викенд во кој сите ние уживавме во Бундес лигата.

„Играњето без навивачи на трибините е како да играш танго со својата сестра. На некој натпревари во Германија минатиот викенд можевме да слушнеме интимни разговори меѓу играчите, довикувања и моменти кои по правило не се достапни за јановста. Мора да се потсетиме дека ова е голем визнис и јасно ми е дека фудбалот требада се врати, тој ќе им помогне на луѓето да се вратат во нормала, но исто така треба да се запазат условите.“ – изјави Енрике.

Енрике посочи дека големите натпреварувања морало да бидат одложени за следната година и сега е важно да се размислува како да се излезе од целата криза со надеж дека во меѓувреме ќе се најде решение за Ковид-19.