Луис Енрике во текот на денешниот ден се очекува да биде промовиран во старо-нов селектор на Шпанија. Легендата на Барселона е подготвен за камбек, откако начелно ги договорил условите со претседателот на Шпанската Фудбалска Федерација, Луис Рубиалес. Енрике ја водеше „црвената фурија“ се додека не се повлече поради семејни причини.

Во меѓувреме кормилото на националниот тим му припадна на Роберто Морено, кој не се појавил на прес-конференцијата по вчерашниот дуел со Романија. Енрике последниот период се споменуваше дека ќе го превземе Арсенал, но тие гласини Шпанецот ги демантираше.

Шпанските медиуми тврдат дека Рубиалес во последните неколку седмици избегнувал секаков контакт со сегашниот селектор Морено, кој пак бил бесен кога било обелоденето дека и покрај добрите игри и резултати во последно време, нема да може да ја води „фуријата“ на ЕП во 2020.