Поранешниот предводник на Барселона и на Рома, Луис Енрике е прв пик на управата на „Топџиите“ за наследник на Унаи Емери.

Поразот од Лестер од 2:0 ја продлабочи резултатската криза во која се наоѓа Арсенал по што од управата на Арсенал решиле посериозно да се заангажираат околу наоѓањето на замена на Емери.

Откако Мурињо бил исклучен како можно решение, започнати биле преговори со Енрике кој е без работа по заминувањето од Барселона.