Фудбалската репрезентација на Шпанија денес доби нов селектор. Првиот човек на Шпанската фудбалската федерација, Луис Рубиалес потврди дека Луис Енрике заради здравствени причини нема да ја извршува својата функција во иднина.

Во март пред мечот со Малта, Луис Енрике ја напушти селекција и три месеци од заминувањето јавно не се знаат причините за неговото заминување.

Неговиот помошник Роберто Морено доби перманентен договор и ќе ја води „фуријата“ на Европското првенство следната година.