Селекторот на Шпанија, Луис Енрике само го потврди она што го потенцираат навивачите на „Фуријата“, на ова ЕУРО тие не играат како што посакуваат.

По ремито со Полска, Енрике посочи дека очекува во третото коло многу поразличен пристап и играч.

„Впечатокот не е најдобар. Можеби бевме подобри во однос на ривалот, но ова не беше доволно за победа и три бода. Се обидовме да создадеме шанси за гол, но не ни одеше најдобро. Полска одигра добро, промашениот пенал беше пресуден. Очекував многу повеќе од нас. Сега ќе мора да се подобриме за следниот меч.“ – изјави Енрике.