Челси ќе го дочека Манчестер Јунајтед на „Стенфорд Бриџ“ во дербито на 26 коло од Премиер лигата. Пресметката на двата поранешни шампиони на Англија е закажана за во понеделник од 21 часот.

Левиот бек на Јунајтед, Лук Шо верува дека дуелот со екипата од Лондон доаѓа во вистинско време и претставува одлична шанса за пресврт во сезоната.

„На сите ни е добро познато дека нашиот менаџер оваа сезона ги насочува критиките кон него. Го почитуваме многу но сега е време кога играчите треба да покажат дека многу работи зависат од нас. Менаџерот не може да не брани цела сезона.Оле верува во нас и ние во него но мораме да бидеме подобри на теренот. Натпреварот против Челси е одлична можност за нов почеток.“ – изјави Лук Шо.

Манчестер Јунајтед и Челси немаа победа на последните три натпревари од Премиер лигата а на првото нивно овосезонсо соочување на „Олд Трафрод“ славеа „Ѓаволите“ со 4:0.